Поддршка за наставници
Бесплатни материјали и алатки за наставниците по математика: тестови за час, Moodle курсеви, испитна програма и соработка.
Тестовите на час
- Споделете го линкот до тестот со учениците, или отворете го на проектор со копчето Цел екран.
- HTML тестовите (на пр. Матура 2026, Прво одделение – тест 1) веднаш покажуваат резултат и решение за секоја задача. Работат на телефон и без регистрација.
- Учениците можат да го решаваат тестот повеќе пати. Копчето „Започни од почеток“ ги брише одговорите.
- За ученици со посебни потреби: копчето Пристапност зголемува текст, вклучува висок контраст и читање на глас.
Moodle за вашето одделение
На moodle.matura.mk (се отвора во нов прозорец) може да добиете свој курс: да поставувате материјали, задачи и тестови, и да ги следите резултатите на учениците. Побарајте наставнички профил преку формуларот подолу.
Најава на MoodleПедагошка евиденција
Празни обрасци за пополнување и печатење на оригиналните формулари за дипломи и свидетелства.
- Отворете го обрасецот во Adobe Acrobat Reader (бесплатен) и пополнете ги полињата.
- Страниците 1 и 2 се печатат врз оригиналниот формулар, а последната страница е листот со податоци за ученикот.
- Пред печатење, пробајте на обична хартија дали текстот паѓа на вистинските места.
Дипломи
Свидетелства
Обрасците се целосно празни. Не содржат податоци за ученици, училиште или директор.
Споделете свои материјали
Имате тестови, лекции (на пр. од mInstructor), PDF задачи или видео решенија? Пратете ни ги и ќе ги додадеме на matura.mk, со вашето име како автор.
Пишете ни
Податоците од формуларот ги користиме само за да ви одговориме. Не ги споделуваме и не ги објавуваме.