Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Изјава за пристапност

matura.mk сака да биде достапна за сите, вклучително и за лица со оштетен вид, слух или говор.

Стандард

Се трудиме страницата да ги исполнува Упатствата за пристапност на веб-содржини WCAG 2.1, ниво AA, кои се основа на европскиот стандард EN 301 549 и на Директивата (ЕУ) 2016/2102.

Статус на усогласеност

matura.mk е делумно усогласена со WCAG 2.1 ниво AA, поради содржините наведени подолу.

Што може да направите

  • Со копчето Пристапност горе на секоја страница: да го зголемите текстот до 200 %, да вклучите висок контраст, поголем проред, фонт полесен за читање, истакнати линкови, поголем покажувач и да ги запрете анимациите.
  • Да ја слушнете страницата: Прочитај ја страницата или Прочитај означен текст (за лица со оштетен вид).
  • Да ја користите целата страница само со тастатура (Tab, Enter, Space) и со читач на екран. Има линк „Прескокни до содржината“.
  • Тестовите во HTML (на пр. Матура 2026, Цели броеви) немаат временско ограничување и не бараат звук.
  • Сајтот не бара говор, микрофон или звук. Видеата на YouTube имаат титлови (копче CC).

Содржини што не се целосно пристапни

  • Старите тестови (Матура 2013, 2014, Кенгур и др.) сега се во HTML, но кај многу прашања задачата е само на слика, без текстуален опис. Прашањата „кликни на сликата“ може да се решат и со тастатура (стрелки и Enter).
  • Лекциите од mInstructor се од надворешен сервис и не се под наша контрола.
  • PDF документите (испитна програма, задачи) не се означени за читачи на екран.
  • Видеото geo1.mp4 нема титлови и транскрипт.
  • Некои стари игри и надворешни страници (kidzone, IXL, Quizizz) не се проверени.

Подготовка на изјавата

Изјавата е подготвена на 17 октомври 2026 со самопроценка: автоматска проверка (axe-core, WCAG 2.1 AA) и рачна проверка со тастатура и читање на глас.

Повратни информации и контакт

Ако наидете на пречка или ви треба содржина во друг формат, пишете на авторот на веб-страницата д-р Зенафер Бајмак преку формуларот за Контакт.