Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Збирка задачи › Прогресии – матура 2013

Прогресии – матура 2013

32 задачи за вежбање за државна матура по математика, со решенија.

Прво решете ја задачата во тетратка, па отворете го решението. Кај задачите со постапка е наведено и колку поени носи секој чекор.

Задачи од банката задачи за државната матура 2013 (основно и напредно ниво). Програмата оттогаш е изменета, па некои теми веќе не се дел од матурата.

Задача 1 Краток одговор

Дадена е аритметичка прогресија со прв член \({a}_{1}=3\) и разлика \(d=2\) , тогаш \({a}_{20}=\) __________________

Прикажи решение

41

Задача 2 Краток одговор

  1. Нека -3,2,7 се првите три члена на аритметичка прогресија. Пресметај го дваестетиот член на низата.

Одговор: \({a}_{20}=\) _________________

  1. Ако 100,50,25 се првите три члена на геометриска прогресија. Пресметај го шестиот член на низата.

Одговор: \({a}_{6}=\) _____________

Прикажи решение

А. 92

Б. \(\frac{25}{8}\)

Задача 3 Краток одговор

Пресметај \(1+\frac{1}{2}+\frac{1}{4}+\frac{1}{8}+\ldots \)

Прикажи решение

2

Задача 4 Повеќечлен избор

Три броеви, за кои збирот им е 45 образуваат аритметичка прогресија. Да се најде средниот по големина број.

А.5

Б.15

В.20

Г. 25

Прикажи решение

Б.15

Задача 5 Повеќечлен избор

Ако во геометриска прогресија количникот \(q=\frac{1}{2}\) , тогаш вредноста на изразот \(\frac{{a}_{8}}{{a}_{5}}\) е:

А. \({2}^{-1}\)

Б. \({2}^{-2}\)

В. \({2}^{-3}\)

Г. \({2}^{-4}\)

Прикажи решение

В. \({2}^{-3}\)

Задача 6 Повеќечлен избор

Четвртиот член на аритметичка прогресија е 6. Сумата на првите седум членови е :

А.26

Б.28

В.30

Г. 42

Прикажи решение

Г. 42

Задача 7 Повеќечлен избор

За аритметичка прогресија \({a}_{1} , {a}_{2} , \ldots , {a}_{n}\) важи \({S}_{n}=3{n}^{2}-2n\) .

Пресметај го \({a}_{10}\) .

А. 55

Б. 35

В. 50

Г. 40

Прикажи решение

А. 55

Задача 8 Краток одговор

Дадена е геометриска прогресија \(16, 24, 36, \ldots \) . Пресметај го петиот член на низата.

А .\(\frac{243}{2}\)

Б. 72

В. 81

Г. 144

Прикажи решение

В. 81
\(q=\frac{3}{2},\ {a}_{5}=16\cdot{(\frac{3}{2})}^{4}=81\)

Задача 9 Задача со постапка

Во кружница со радиус \(5 \,\text{cm}\) е впишан правоаголен триаголник. Пресметај ја плоштината на триаголникот ако должините на неговите страните образуваат аритметичка прогресија со разлика \(d=2\) .

Прикажи решение
Заклучува хипотенузата \(c=2r\) (1 поен)
Ги наоѓа страните \(c=10 a=8 \) (1 поен)
Ја наоѓа страната \(b=6\) (1 поен)
Ја пресметува плоштината на правоаголниот триаголник \(P=24 {\,\text{cm}}^{2}\) (1 поен)

Задача 10 Задача со постапка

За време на поход којшто траел 11 дена, група туристи пешачела секој ден по \(1 \,\text{km}\) повеќе од претходниот ден. Колкава била должината на маршутата , ако последниот ден се изминати \(15 \,\text{km}\) ?

Прикажи решение
Запишува \(n=11 ,\quad d=1\quad , {a}_{11}=15\) (1 поен)
Наоѓа \({a}_{1}=5\) (1 поен)
Ја добива сумата \({S}_{11}=110\) (1 поен)
Заклучува должината на рутата е 110 километри. (1 поен)

Задача 11 Задача со постапка

Внатрешните агли на еден четириаголник формираат аритметичка прогресија со разлика \(20^{\circ}\). Најди ги сите внатрешни агли.

Прикажи решение
Запишува \(x+(x+20^{\circ})+(x+40^{\circ})+(x+60^{\circ})=360^{\circ}\) (1 поен)
Наоѓа \(x=60^{\circ}\) (1 поен)
Ги запишува аглите \(60^{\circ}, 80^{\circ},100^{\circ},120^{\circ}.\) (1 поен)

Задача 12 Краток одговор

Првите четири члена на аритметичка прогресија со: \(-3, -1, 1, 3.\) Општиот член на прогресијата е __________________

Прикажи решение

\({a}_{n}=-5+2n\)

Задача 13 Краток одговор

Да се напишат членовите што недостасуваат во двете аритметички прогресии.

  1. 1, -1, -3 ,_____ , ____

  2. 2, _____ , 6, 8, _______

Прикажи решение

А.-5,-7

Б. 4,10

Задача 14 Краток одговор

Дадена е низа со општ член \({a}_{n}={2}^{n} -2\cdot n\) . Запишете ги првите четири члена на низата.

Прикажи решение

0,0,2,8

Задача 15 Краток одговор

Во аритметичка прогресија со разлика \(d=4\), збирот на вториот и третиот член е 22. Првиот член на прогресијата е __________.

Прикажи решение

5

Задача 16 Краток одговор

Броевите \(2, \sqrt{x} , 8\quad \) се првите три членови на геометриска прогресија. Пресметај:

А. \(x=\) _______.

Б. Петтиот член е _____________

­­­

Прикажи решение

  1. 16

  2. 32

Задача 17 Краток одговор

А.Да се пресмета сумата 100+50+25+......

Одговор:­­­ ____________

Б.Дадена е низата со општ член \({a}_{n}=8\cdot {(\frac{1}{2})}^{n}-1\) . Првите три члена се:

________________________

Прикажи решение

А.200

Б. 3,1,0.

Задача 18 Повеќечлен избор

Кој од следните изрази е општ член на низа со првите четири члена 3,5,7,9?

А. \(2n-1\)

Б. \(2n\)

В. \(2n+1\)

Г. \({n}^{2}+1\)

Прикажи решение

В. \(2n+1\)

Задача 19 Повеќечлен избор

Нека \({a}_{1}=2\) , и \({a}_{n+1}=\frac{2{a}_{n}+5}{2}\) за \(n\ge 1\) , најди \({a}_{11}\) .

А.27

Б. 25

В. 22

Г. \(\frac{27}{2}\)

Прикажи решение

А.27

Задача 20 Повеќечлен избор

Нека \(({a}_{n})\) е аритметичка низа така што \({S}_{12}=168\) и \({a}_{13}-{a}_{1}=24\) . Најди колку е \({a}_{1}\).

А.2

Б.3

В.4

Г.5

Прикажи решение

Б.3

Задача 21 Повеќечлен избор

Нека \(x-2, x+8, 3x+2 \) формираат аритметичка прогресија. Пресметај го \(x\) .

А. 12

Б. 11

В. 10

Г. 8

Прикажи решение

Г. 8

Задача 22 Краток одговор

Нека \(({a}_{n})\) е геометриска прогресија со прв член \(\frac{1}{7}\) и количник \(\frac{1}{2}\) . Најди го општиот член на низата.

А .\(\frac{2}{7} \cdot {2}^{n}\)

Б. \({\frac{1}{14\cdot 2}}^{n}\)

В. \(\frac{2}{7\cdot {2}^{n}}\)

Г. \(\frac{14}{{2}^{n}}\)

Прикажи решение

В. \(\frac{2}{7\cdot {2}^{n}}\)

Задача 23 Повеќечлен избор

Нека \(\frac{625}{32} , \frac{125}{16} , \frac{25}{8}\) се првите три члена на геометриска прогресија. Пресметај го осмиот член.

А. \(\frac{125}{8}\)

Б. \(\frac{25}{16}\)

В. \(\frac{16}{25}\)

Г. \(\frac{4}{125}\)

Прикажи решение

Г. \(\frac{4}{125}\)

Задача 24 Повеќечлен избор

Нека \(({a}_{n})\) е аритметичка прогресија со \({a}_{11}=8 \) и \({a}_{20}=35\) . Пресметај го \({a}_{3}\) .

А. -3

Б. -6

В. -16

Г. -22

Прикажи решение

В. -16

Задача 25 Повеќечлен избор

Нека \(({a}_{n})\) е геометриска прогресија со четврти член \(\frac{1}{8}\) и десети член \(\frac{1}{32}\) . Најди го седмиот член.

А. \(\frac{1}{32}\)

Б. \(\frac{1}{16}\)

В. \(\frac{1}{8}\)

Г. \(\frac{1}{4}\)

Прикажи решение

Б. \(\frac{1}{16}\)

Задача 26 Повеќечлен избор

Пресметај \(\frac{1}{3}-\frac{1}{2}+\frac{1}{9}-\frac{1}{4}+\frac{1}{27}-\frac{1}{8}+\ldots \)

А. -1

Б.\(-\frac{1}{2}\)

В. 0

Г. \(\frac{1}{2}\)

Прикажи решение

Б. \(-\frac{1}{2}\)

Задача 27 Задача со постапка

Да се најде \(x\) , за да \(2x-1, 3x+2, 6x+1 \) се првите три члена на аритметичка прогресија. Да се пресмета петтиот член на прогресијата.

Прикажи решение

Го запишува изразот

\(3x+2-(2x-1)=6x+1-(3x+2)\) (1 поен)

Добива

\(x=2\) (1 поен)

Го наоѓа \({a}_{5}=23\) (1 поен)

Задача 28 Задача со постапка

Да се најде позитивен број \(x\) , за да \(4-x , 2, \sqrt{x}\) се првите три члена на аритметичка прогресија. Запишете ги првите пет члена на прогресијата.

Прикажи решение

Го запишува изразот

\(2-(4-x)=\sqrt{x} -2\) (1 поен)

Ја добива равенката \(\sqrt{x}=x\) (1 поен)

Ги добива решенијата

\({x}_{1}=0, {x}_{2} =1\) (1 поен)

Ги запишува првите пет члена 3,2,1,0,-1 (1 поен)

Задача 29 Задача со постапка

Внатрешните агли на еден четириаголник формираат аритметичка прогресија со разлика \(20^{\circ}\). Најди ги сите внарешни агли.

Прикажи решение
Запишува \(x+(x+20^{\circ})+(x+40^{\circ})+(x+60^{\circ})=360^{\circ}\) (1 поен)
Наоѓа \(x=60^{\circ}\) (1 поен)
Ги запишува аглите \(60^{\circ}, 80^{\circ},100^{\circ},120^{\circ}.\) (1 поен)

Задача 30 Задача со постапка

Дадена е геометриска прогресија со \({a}_{1}=3 \) и \({S}_{3}=\frac{19}{3}\) да се пресмета \(q\) .

Прикажи решение
Ја запишува формулата \({S}_{3}={a}_{1} \cdot \frac{1-{q}^{3}}{1-q}\) (1 поен)
Ја поставува равенката \(\frac{19}{3}=3\cdot \frac{(1-q)(1+q+{q}^{2})}{1-q}\) (1 поен)

Ја добива равенката

\(\frac{19}{9}=1+q+{q}^{2}\) (1 поен)

Ги наоѓа решенијата \({q}_{1}=-\frac{5}{3} , {q}_{2}=\frac{2}{3}\) (1 поен)

Задача 31 Задача со постапка

Да се пресмета сумата на членовите на конечната аритметичка прогресија

\(100, 88, 76, \ldots , -140\) .

Прикажи решение
Наоѓа \({a}_{1}=100, d=-12\) (1 поен)

Ја поставува равенката

\(-140=100-(n-1) \cdot 12\) и добива \(n=21\) (1 поен)

Пресметува \({S}_{21}=\frac{21}{2} \cdot (100-140)=-420\) (1 поен)

Задача 32 Задача со постапка

Да се пресмета вредноста на изразот

\(\sqrt{5\sqrt{5\sqrt{5\sqrt{5\ldots}}}}\)

Прикажи решение

Добива

\(5^{\frac12}\cdot5^{\frac14}\cdot5^{\frac18}\cdot5^{\frac1{16}}\cdots\) (1 поен)

Добива

\(5^{\frac12}\cdot5^{\frac14}\cdot5^{\frac18}\cdot5^{\frac1{16}}\cdots\)=\(5^{\frac12+\frac14+\frac18+\frac1{16}+\ldots}\) (1 поен)

Добива

\(5^{\frac12+\frac14+\frac18+\frac1{16}+\ldots}\)=\(5^{\frac{1/2}{1-1/2}}=5^1=5\) (1 поен)