Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Македонски јазик и литература

Македонски јазик и литература – државна матура, јуни 2026

Комплетниот тест од државната матура, јуни 2026: книжевност, јазик, читање и пишување. Задачите со избор се проверуваат автоматски, кај отворените прашања се прикажува одговорот од официјалниот клуч, а есејот го пишувате со бројач на зборови.

Прочитајте ги текстовите и одговорете. Кај отворените прашања по проверката споредете го одговорот со клучот и означете дали е точен.

Државна матура, јуни 2026 (Државен испитен центар). Одговорите се според официјалниот клуч.

Оригиналниот тест (PDF) · Клуч (PDF)

Книжевност

1. Прочитај го внимателно извадокот од романот „Големата вода“ од Живко Чинго и одговори на поставените прашања.

(...) Ми го одредија за другар во стројот. Проклет да бидам, другар во стројот. Ме задолжија со него, ми го натоварија на врат. Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот. Реков примерен, проклет да бидам, поради тој збор за малку да го замразам целиот свет. Примерен другар, примерен пионер, примерен скоевец, примерен градител. Примерен, што уште не, проклет да бидам, примерен серко. Но, таков беше редот. Беше пролетта 1946 година, првата пролет по војната... За тоа со сигурност се сеќавам зашто имав кратки пролетни панталонки сошиени од шарено италијанско ќебе...

Ние бевме една тажна толпа гладни и нечисти деца, бездомни. Лоши, црни малечки гадови, како што нè викаа добрите воспитувачи. Уловени по полињата, по градините, по шумите, по плевните, по карпите, по големиот снег. Проклет да бидам, ние не се дававме. Сигурно не знаевме дека ќе нè носат во дом, под покрив, во кревет, дека ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да нè згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред. Со закон, проклет да бидам. Добро тоа, но ние пак не се даваме, ви велам, цела таа пролет како ѕверчиња нè ловеа одреди добротвори од црвениот крст, одреди воспитувачи и секакви ловци.

(...) Мислев дека ме чул, но се излажав. Веднаш кога навлеговме во градините, ненадејно тој застана и со рака ми покажа кон сонцето што зајдуваше, рече:

Ене, таа е таму, водата. Големата вода! Ене ја, гледај! Што, зар не ми веруваш, другар? – праша навреден и се закикоти. – Па ајде гледај, ќораво пиле, отвори ги очите, погледај, ете таму, онаму каде што свети како оган, ене... Проклет да бидам, тој ја виде, веќе ја имаше во своите очи. Гледав на таа страна каде што заоѓаше сонцето, ја барав Големата вода... По малку патување, пред нас се откри најубавата, најтаинствената слика на мојот живот. Големата вода! Огромна, чудесна. О, боже, нè пречека со мајчински очи, со светол и благ поглед. Во мигот занемев, се колнам... Насекаде наоколу беше водата, проклет да бидам. Големата вода како нас да нè чекаше. Се колнам, таа нас нè препозна, таа нас тој час нè препозна. Нејзиниот тивок глас како да ни зборуваше: – Одете, малечки мои, еве го патот, одете не предавајте се! И ние одевме, чесен другарски збор, ние одевме.

(...) Гледаме како се губи снегот од родните полиња, се враќаме дома, проклет да бидам, дома. На портата еден мил лик со големи, со многу длабоки очи, сини, чисти, најубавите очи нè пречекуваа. О, мил боже, еден бран личи на Сентерлевиот рид. Се колнам, тој час ги видовме сите мили слики, сите изгубени слики беа вратени, секој предмет пак си беше на свое место. Сè, сè беше вратено, дома. Ви се јавува и сосема заборавена работа, некогаш мало трнче што ви влегло во босата нога, помните како мајка со игличка полецка го молкне и, за да не боли, непрестајно дувка со уста, со својата душа. О, мило мое, о мајкино срце! – го слушате нејзиниот глас.

(...) Ѕидот беше околу-наоколу домот, како смок притаен. Огромен. Ќе те гушне ли, ќе те завитка со опашот и тогаш ти нема спас. О, боже, тие ужасни, црни изутрини крај тој ѕид. Глуви. Секоја изутрина чиниш изедува по едно дете. Сликата на домското утро остана како нешто најстрашно во мојот живот. Насекаде крај ѕидот можеа да се видат предвреме пробудени деца, уште во матен тежок сон, гурелави, посинети и во треска.

Живко Чинго. „Големата Вода.“ Скопје: Македонска книга, 1990.

1.1. Романот „Големата вода“ од Живко Чинго е изградeн врз основа на темата за: (1 поен)

1.2. Според речениците: „Ние бевме една тажна толпа гладни и нечисти деца, бездомни. Лоши, црни малечки гадови, како што нѐ викаа добрите воспиту- вачи.“, ликовите во романот се поделени на два света: (1 поен)

1.3. Писателот се определил за неколку симболи и метафори преку кои го претставува исконскиот судир во текот на животот на децата. Тие озна- чуваат: (1 поен)

1.4. Што им недостига на децата во домот во вториот и третиот пасус? (1 поен)

1.5. Преку Големата вода, во вториот извадок од романот „Големата вода“ се симболизира: (1 поен)

1.6. Кога започнуваат дејствата опишани во романот „Големата вода“? (1 поен)

2. Прочитај го извадокот од драмата „Диво месо“ од Горан Стефановски и одговори на поставените прашања.

СИМОН: Ништо не смее да се каже во оваа куќа. Ќе земам две канти бензин ќе вивне сè до небо.

MAPИJA: Немој да кобиш.

СИМОН: Немам јас што да кобам. Прокобено е тоа одамна.

ВЕРА: Кај пиеше?

СИМОН: Кај стигнав право да ти кажам.

ВЕРА: Се одра.

СИМОН: Нешто ќе ме одере и онака порано или подоцна. Што можеш денес не оставај за утре. Лесно ти е тебе.

ВЕРА: Лесно ми е мене. Мене ми е најлесно.

СИМОН: Страв ти е тебе од темно? Не! Мене ми е страв. Од сонце страв ти е? Не! Мене ми е страв. Ме гуши овде, ете овде, имам грутка.

МАРИЈА: Имаш влакно во грлото.

ВЕРА: Цел ден си на нозе.

СИМОН: Да можам келнер со седење да бидам, ќе седам. Јас не реков дека имам попуштени вени, па да се од стоење. Мене ме гуши овде, јанѕа ме јаде. Не јадам. Не спијам.

(...) МАРИЈА: Лена, Анастас, Спасија...

ПОПОТ: Лена, Анастас, Спасија...

МАРИЈА: Ѓopѓи, Марко, Трајан...

ПОПОТ: Ѓopѓи, Марко, Трајан...

МАРИЈА: Петре и Евда.

ПОПОТ: Петре и Евда.

СИМОН: И Симон.

ПОПОТ: И Симон.

МАРИЈА: Кој Симон? Не Симон.

ПОПОТ: Не Симон. (Го зема колачот. Му го дава на Димитрие. Го зема за рака Андреја и му ја става раката од едната страна на колачот. Андреја го зема за рака Симон и му го префрла колачот нему. Попот го сече колачот во крст.) Во име оца, сина и свјетаго духа, Амин.

СИТЕ: Амин.

ПОПОТ (Ги фаќа сите за раце. Кружат три круга околу масата.): Ослободи нè Господи од непотребни грижи и освети ги нашите радости. Поткрепувај нè кога сме слаби и тажни. Биди со нас во тешките часови на мака и тага, на колебливост и исплашеност и направи ги сите наши солзи и страдања полесни. Исцели ги нашите скриени болки и душевни рани зошто само ти ги гледаш. Преблаги Господи, не нѐ оставај никогаш сами.

(Попот пребрзо ги води. На Димитрија му е тешко да се движи во количката. Се затетерува. Колачот паѓа. Се крши.)

МАРИJA: Оф леле!

ДИМИТРИЈА: Како држиш бре, Симоне, пијан ли си?

СИМОН: Пијан сум, ама добро држев. Ти го испушти.

ПОПОТ: Ништо не е, ништо не е. Оца сина свјетаго духа, Амин. Ајде, за многу години. (Пауза. Тишина.) Ајде, што чекате, соберете го колачот.

МАРИЈА: Како така да се скрши?

ПОПОТ: Падна, се скрши.

МАРИЈА: Како така да падне?

„100 години македонска драма“.„Диво месо“.(Сцена 1. Скопје: Матица македонска/Графички завод „Гоце Делчев“, 1992.

2.1. Однесувањето на Симон, во наведените извадоци, покажува дека тој предвидува ______ за семејството. (1 поен)

2.2. Вметнувајќи го своето име во имињата на мртвите, Симон ја навестува сопствената ______. (1 поен)

2.3. Кој лик, според наведениот извадок, говори со иронија и цинизам под дејството на алкохолот? (1 поен)

2.4. Низ постапките на Симон во драмата се забележува неговата неусогла- сеност со (1 поен)

2.5. Дивото месо со кое е опседната Марија претставува (1 поен)

2.6. Дијалогот е меѓу Марија и попот во дејството од вториот извадок, се одвива во куќата на (1 поен)

2.7. Напиши наслов на уште една драма од Горан Стефановски. (1 поен)

2.8. Во кој период се случува дејството во драмата „Диво месо“? (1 поен)

3. Прочитај ја воведната песна од делото „Пеколот“ од Данте Алигиери и одговори на поставените прашања.

Воведна песна На средина од мојот живот земен го изгубив јас така својот пат: се најдов в шума сам, сред густеж темен. А таа шума, дива, чуден кат, зарастена во трње, в буеж сета, сред срце раѓа спомен, страв и лад. Погорчлива одвај е смртта клета! Но, за блаженството што сум го пил, ќе раскажам за сè што таму сретнав. А како, кога патот ми се скрил, јас не знам, ништо не можам да речам: од сонот мора пијан да сум бил... Сал чекор-два: одненадеж под ридот се јави пантер: шарен, стрвост полн; а брз, и не ме испушта од видот. Од пред очи не се мавна тој, зол. Ми пречеше, на патот ми се згоди. Многупати си реков: назад в дол! Се зореше. И сонцето се роди, капејќи ѕвезди ко во денот прв, во кој првпат почна да ги води со божја љубов, за да стигнат врв. Тој нежен час, и она мило цвеќе, ми влеа надеж: ѕверон, жеден крв, не ме следи со стрвост таква веќе! За кратко. Одеднаш во овој крај се најде лав: ми пројде сета среќа! Пак страв сред срце почна да се таи. Од гладот мачен – поглед див ме сретна и воздухот се стресе и се стаи. „И волчица“! – Во умов мисла летна. Исушена од злоба и од жед, јас видов кога в очи жар ѝ светна. А расплакал и тој ѕвер многу свет. Во мене поглед страшно беше впила. Да тргнам горе смелост собрав, клет, но ниту надеж остана, ни сила. Ко трговец што чука глава в ѕид (галијата ја скрши морска спила!) се мрачи сè пред очниот му вид, ме стресе така ѕверон и ме столчи, следејќи ме од оној стрмен рид во катон кај што сонцето си молчи. Бегајќи јас низ рид пред ѕвера три, пред Лав, пред Пантер и пред поглед волчи, – пред мене човек никна чии дни изгаснале пред не знам колку века. „Смилувај се, па кој и да си ти, – му викнав, – призрак или човек некој!“ „Јас не сум жив, но бев. – чув слаб глас мек, од Мантова, од познат род на секој, Ломбардиец, од оној славен век Sub Julio et Август, кога светов, тој век, на лажни божества бил век. Поет јас бев. Во песни јас го сплетов на Анзис синот, којшто Илион го напушти сред чад со срце клето. Што се враќаш при маките со стон и не врвиш по ридот?“ – Потем рече: „На радост извор, причина е он“. „Вергилиј, ти си? Оној певец вечен од чие срце блика извор стар од речитост!“ – и сетив: срам ме пече.
3.1. Каков вид строфа е употребена во извадокот од ова дело? (1 поен)

3.2. Со кого прво се соочува поетот под ридот, во шумата? (1 поен)

3.3. Делото „Божествена комедија“ од Данте Алигиери е составено од три дела. Кои се тие делови? (1 поен)

3.4. Кој е вториот, т. е. последниот сопатник на поетот за време на неговото патешествие? (1 поен)

3.5. Каков е распоредот на грешниците во круговите на пеколот? (1 поен)

3.6. Каков став има авторот за општествената реалност, според ова дело? (1 поен)

3.7. Колку пеења има секој дел од „Божествената комедија“? (1 поен)

3.8. Во кој литературен период припаѓа ова дело? (1 поен)

Книжевна анализа и јазик

4. Со вреднување на книжевните дела се занимава: (1 поен)

5. Кое од наведените видови е големо прозно дело? (1 поен)

6. Како се нарекува строфата составена од два стиха? (1 поен)

7. Кој книжевен вид раскажува настани што влијаат врз животот на народите и чија тема е земена од вистински настан во подолг временски период? (1 поен)

8. Кратките народни умотворби составени од прашање и одговор се нарекуваат: (1 поен)

9. Од наведените примери, драмски видови се: (1 поен)

10. Заокружи го неправилно напишаниот збор: (1 поен)

11. Заокружи ја буквата пред реченицата којашто е правилно напишана: (1 поен)

12. Заокружи ја буквата пред правилната реченица за обраќање со почит: (1 поен)

13. Зборот компјутер во македонскиот јазик е: (1 поен)

14. Во кој од дадените примери препознаваш глаголска именка? (1 поен)

15. Во реченицата: „Родителите веруваа во своите деца.“, подвлечениот дел претставува: (1 поен)

16. Од кој од наведените зборови не може да се образува глаголски прилог? (1 поен)

17. Според генеалошката класификација на јазиците во светот, македонскиот јазик припаѓа во групата: (1 поен)

18. Создај реден број од бројот два! (1 поен)

19. Според синтаксичката анализа, подвлечениот дел во реченицата (1 поен)

„Во саботата се одржа хуманитарен настан.“ е:

20. Соопштението, веста и репортажата припаѓаат на ____ функционален стил. (1 поен)

21. Како се нарекува правописниот знак кој се пишува меѓу двојни презимиња? (1 поен)

22. Каква лексика, според сферата на употреба, е користена во долунаведената реченица? (1 поен)

„Како наш консумент, треба да Ве известиме дека на Вашата кредитна

картичка има прилив на девизни средства.“

23. Стави го соодветниот интерпункциски знак на крајот на следната реченица: (1 поен)

Ви благодариме за гостољубието, ќе ви дојдеме пак

24. Дополни ја сложената реченица со соодветен сврзник за да добиеш допусна зависносложена реченица. ____ тргна рано, не стигна навреме. (1 поен)

25. Зборовите блиску и далеку според значењето во реченицата се: (1 поен)

26. Во кој функционален стил преовладува естетската функција на јазикот? (1 поен)

27. Каков вид множина е употребена во реченицата: (1 поен)

„Неговата куќа имаше три ката.“?

28. Подвлечи ја апозицијата во реченицата: (1 поен)

Авторот на „Сердарот“, Григор Прличев, беше награден со Лаворов венец.

29. Основач на Охридската книжевна школа е: (1 поен)

30. Деминутивната форма на зборот лист е: (1 поен)

Читање

31. Внимателно прочитај го текстот и одговори на прашањата.

СФИНГАТА, ПИРАМИДИТЕ И ДРУГИ МИСТЕРИИ НА ЕГИПЕТ

Четвртата пирамида откриена во Гиза

Четвртата пирамида, која се проценува дека е стара 4 000 години, била откриена во Гиза. Според Захи Хавас, шефот за антиквитети, пирамидата била третирана како да не е важна, веројатно, со оглед на тоа кому му била наменета. Си-би-ес „Њуз“ открива дека четвртата пирамида била изградена за време на осумгодишното владеење на фараонот Менкаухор. Пирамидата била закопана под 7,6 метри песок кој бил отстранет во текот на осумнаесет месеци од Хавас и неговиот тим. Тој изјавува дека мистериозната структура била изградена набргу по трите пирамиди во Гиза, коишто датираат до 2500 г. пр. н. е.

Допрва претстои да се најде картуш (хиероглиф кој го открива идентитетот на телото во пирамидата). Со оглед на досегашните показатели, Хавас е сигурен дека тоа му припаѓа на Менкаухор. Се чини дека за време на неговото владеење, Менкаухор не оставил значаен белег врз египетската историја, и ова може да е единствената пирамида којашто била запоставена. Хавас и неговиот тим сѐ уште ја проучуваат пирамидата и бараат нови детали за Менкаухор. Хераклеион, древен град во Египет, бил важен центар за увоз и извоз во срцето на египетското крајбрежје. Градот постоел до пред 1200 години, но научниците не можеле да откријат како градот успеал да се спушти до дното на Средоземното Море. Директорот на Одделението за морска археологија при Оксфордскиот универзитет, д-р Дамиен Робинсон, којшто го предводи сегашниот тим на истражувачи, вели дека е возбуден од можноста да ги открие мистериите на овој заборавен град.

Изгубениот град Хераклеион

„Градот што го ископуваме е голем град. Локалитетот е неверојатно зачуван. Сега започнуваме да гледаме некои од поинтересните делови во него за да се обидеме да го разбереме животот во него.“ Градот бил најден 46 метри под морската површина во заливот Абукирскиот залив, кој е граница помеѓу реката Нил и Средоземноморието. Досега биле најдени шеснаесет големи статуи, покрај стотици други помали статуи. На некои од нив има натписи на египетски и старогрчки јазик. Натписите допрва треба да се дешифрираат.

Исчезнувањето на Нефертити

Исчезнувањето на кралицата Нефертити предизвикало појава на многу теории кои ги обременуваат археолозите. Некои веруваат дека ја изгубила наклоноста на фараонот Ахенатон. Според друга теорија, таа умрела од тага набргу по неговата смрт. Последната и најприфатена теорија за исчезнувањето на Нефертити е дека таа воопшто не исчезнала, туку го променила своето име во Нефернеферуатен. Тоа било нејзиното ново, помажествено име со кое таа станала ковладетелка на Египет. Во тоа време, на жените не им било дозволено да владеат, па така за да може да ја задржи својата позиција, Нефертити морала да го промени своето име. Но, нејзиното тело сѐ уште не е идентификувано. Дури кога ќе се открие нејзиното тело, ќе може да се дознае што навистина се случило со кралицата.

Загатката на Сфингата

Сфингата од Гиза сѐ уште се смета за најмистериозниот артефакт на Земјата. Загатката на Сфингата не е само метафора, бидејќи до денешен ден не се знае за што точно таа служела. Изградена во 1400 г. пр .н. е., таа била изделкана од едно парче варовник, висока 20 метри и долга 73 метри. Водечкиот египтолог Џејмс Ален јасно става до знаење колку малку се знае за Сфингата. „Египќаните не ја запишувале историјата, така што немаме цврсто сведоштво за тоа што таа претставувала за нивните градители… Со сигурност нешто божествено, веројатно приказ на некој крал, но за тоа само може да се претпоставува.“

Дури и самото име „Сфинга“ ги збунува археолозите. Името потекнува од грчката митологија, во којашто Сфингата била суштество со глава на човек и тело на лав, а понекогаш се опишува и со крилја. Името можеби било прифатено од Грците околу 2 000 години по незјзината изградба, но никој не знае точно од каде доаѓа нејзиното име или што означува. Во Египет секој ден се случуваат нови откритија. Какви ли сѐ нови мистерии ќе откријат археолозите?

Превземено од:

www.kajak.mk

31.1. Четвртата пирамида во Египет била изградена за време на владеењето на фараонот: (1 поен)

31.2. Колку години е стара четвртата пирамида во Гиза? (1 поен)

31.3. На кои јазици се натписите на статуите кои биле пронајдени во градот Хераклеион? (1 поен)

31.4. Што морала да направи кралицата Нефертити за да може да ја задржи својата владетелска позиција? (1 поен)

31.5. Кога била изградена Сфингата во Гиза? (1 поен)

31.6. Кој египтолог јасно става до знаење дека многу малку се знае за Сфингата во Египет? (1 поен)

31.7. Колку метри под песок била закопана четвртата пирамида во Гиза? (1 поен)

31.8. Како се нарекува хиероглифот кој го открива идентитетот на телото во пирамидата? (1 поен)

32. Внимателно прочитај го текстот и одговори на прашањата.

Моќта на музиката

Без разлика дали ги обожавате генијалните мелодии на Моцарт, реге-звуците на Боб Марли или R&B-музиката на Ријана, слушајќи ги хармоничните тонови, вие го релаксирате телото и ја храните душата. Слушањето музика е едно од најчестите хобија и постојат милиони луѓе кои го започнуваат и го завршуваат денот со музика. Музиката е насекаде, сите ја почувствувале, но само мал дел знаат колкава е нејзината моќ.

Музиката е лек за душата, но и за телото. Тоа не се празни зборови, туку еден вид опис на таканаречената музичка терапија која ја користи музиката за да постигне физичко и емотивно лекување. Експертите сè повеќе навлегуваат во тајните моќи на музичката терапија. Така, сè поголем број болници низ светот имаат оддел во кој музичките терапевти користат различни методи за слушање и создавање музика за да им помогнат на пациентите да си го подобрат здравјето.

Музиката релаксира и го убива стресот. Повеќето од нас го имаат почувствувано овој благопријатен ефект на музичките звуци. Еден од најдобрите начини да се релаксирате по напорниот ден е да се спружите в кревет и да си ја пуштите омилената музичка плеј-листа. Луѓето кои слушаат музика барем двапати дневно по половина час чувствуваат помал стрес и помала вознемиреност. А кога знаеме дека стресот е извор на многу болести, ова дејство на музиката треба уште повеќе да го цениме.

Музиката го подобрува расположението. Без разлика каква музика слушате, таа има својство да ги прогонува негативните емоции и да ви го подобри расположението. Додека уживате во музиката, се ослободува невротрансмитерот допамин, којшто праќа сигнали на задоволство низ целото тело. Истражувачите откриле дека музиката не само што го зголемува бројот на позитивни емоции, туку го зголемува и нивниот интензитет.

Музиката ги намалува симптомите на депресија. Музичката терапија им се препорачува на пациенти кои страдаат од депресија токму поради тоа што пријатната музика го подобрува расположението. Американски истражувачи откриле дека кај пациентите кои страдале од депресија, а кои слушале музика еден час дневно, со текот на време симптомите се намалиле за 25 %.

Музиката го подобрува здравјето на срцето. Релаксирачката музика го намалува крвниот притисок и го забавува ритамот на срцето, а со тоа се намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Од друга страна, познато е дека „радосната“ музика го подобрува функционирањето на крвните садови.

Музиката ја намалува хроничната болка. „Секојдневното слушање музика може да ја намали хроничната болка за 21 %“ – велат научници од Охајо. Тие го истражувале ефектот на музиката кај пациенти со хронична болка кои уживале во звуците на музиката по еден час секој ден. Експертите не тврдат дека музиката целосно ќе ја отстрани болката, туку дека таа може да биде пријатно дополнување на терапијата препишана од лекар.

Музиката помага да вежбате подолго. Докажано е дека луѓето кои слушаат музика вежбаат подолго од луѓето кои вежбаат во тишина. Вежбањето без музика не е ни приближно толку интересно како вежбањето со музика која ви го зголемува расположе-

нието и ве мотивира да направите уште еден чекор напред. Со тоа музиката влијае позитивно на вашата линија.

Музиката го намалува стресот и вознемиреноста кај бремените жени. Добро е бремените жени да слушаат музика барем 30 минути дневно затоа што тоа ги намалува симптомите на депресија. Бременоста е идеален период за жените да научат приспивни песнички кои ќе им ги пеат на своите малечки.

Музиката им помага на луѓето со рак. Истражувањата покажуваат дека музичката терапија им помага на луѓето кои се лекуваат од рак подобро да се справат со симптомите. Музиката им ја намалува анксиозноста на луѓето кои се лекуваат со радијација, а кај пациентите кои се на хемотерапија се намалуваат гадењето и повраќањето.

Музиката ја подобрува концентрацијата. Хармоничните звуци на музиката го изоструваат умот и ја подобруваат концентрацијата. Сепак, потпирајќи се на најновите научни сознанија, експертите советуваат учениците и студентите да слушаат музика, пред, но не и за време на учењето, со цел да помнат подобро. Музиката уште и го забрзува опоравувањето на луѓето кои настрадале од мозочен удар, го зголемува оптимизмот, помага за подобар сон и ги зближува луѓето.

http://www.femina.mk/

32.1. Кој е најдобриот начин да се релаксирате по напорниот ден? (1 поен)

32.2. Кои луѓе чувствуваат помал стрес и помала вознемиреност? (1 поен)

32.3. Кој невротрансмитер се ослободува додека се слуша музика? (1 поен)

32.4. Какви сигнали испраќа невротрансмитерот допамин? (1 поен)

32.5. На кои пациенти им се препорачува музичка терапија? (1 поен)

32.6. Која музика го подобрува функционирањето на крвните садови? (1 поен)

32.7. Зошто е добро бремените жени да слушаат музика барем 30 минути дневно? (1 поен)

32.8. На кои луѓе музиката им ја намалува анксиозноста? (1 поен)

32.9. Kога студентите треба да слушаат музика според најновите научни сознанија? (1 поен)

32.10. Која болка се намалува со секојдневно слушање музика според научниците од Охајо? (1 поен)

33. Избери една тема и: (13 поени)

Напиши текст од 260 до 460 збора; прочитај ја темата и добро размисли што треба да содржи текстот; почитувај ги правилата за композиција на текст (воведен дел, главен дел и заклучок); почитувај ги правилата на стандардниот јазик.

Мислите искажи ги јасно и поврзано со употреба на факти и аргументи; Употребувај соодветна лексика и стил во согласност со видот на текстот кој го пишуваш; не пишувај општи фрази; не користи буквално и без критична дистанца готови текстови од различни извори (учебници, стручни книги, веб-страници итн.); внимавај на графичкото средување на текстот – треба да има три јасно изделени целини (вовед, главен дел, завршен дел) и по можност – пасуси во главниот дел. Пишувај со кирилица, користејќи ракописни букви, во спротивно се

одземаат 5 поени од освоените поени на есејот!

Тема 1: Свет без предрасуди – дали е тоа можно?

Размисли што би напишал/а на оваа тема, објасни што е предрасуда и како влијае општеството.

Заземи критички став; можеш да се согласуваш или не со дадениот наслов и употребувај јасни и конкретни размислувања за да го искажеш твојот став за дадената тема.

Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери за твојот став за оваа тема, со кои ќе објасниш дали е можно да се создаде општество без предрасуди.

Изрази го твојот став за тоа дали предрасудите негативно влијаат врз учениците и дај соодветни примери за да го поддржиш твоето мислење.

Заврши со сублимирање на твојот став за темата и нагласи дека напорите за намалување на предрасудите може да имаат огромно позитивно влијание.

Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.

Тема 2: Како образованието влијае врз развојот на праведно и еднакво општество?

Размисли што би напишал/a на оваа тема; објасни дали образованието е еден од главните столбови за градење праведно и еднакво општество.

Заземи критички став; можеш да се согласуваш или не со дадениот наслов и употребувај јасни и конкретни размислувања за да го искажеш твојот став за дадената тема.

Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери за твојот став за оваа тема, со кои ќе објасниш зошто силниот образовен систем ги учи поединците на нивните права и обврски кон општеството.

Изрази го твоето мислење за тоа дали образованието денес има позитивно влијание врз учениците и дај соодветни примери за да го поддржиш твоето мислење.

Заврши со сублимирање на твојот став за оваа тема и нагласи дека образованието е главниот клуч за создавање поздраво и попродуктивно општество (позитивно)..

Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.

Зборови: 0 · Потребно: 260–460 зборови