Македонски јазик и литература – државна стручна матура, август 2026
Комплетниот тест од државната стручна матура, август 2026: книжевност, јазик, читање и пишување. Задачите со избор се проверуваат автоматски, кај отворените прашања се прикажува одговорот од официјалниот клуч, а есејот го пишувате со бројач на зборови.
Прочитајте ги текстовите и одговорете. Кај отворените прашања по проверката споредете го одговорот со клучот и означете дали е точен.
Државна стручна матура, август 2026 (Државен испитен центар). Одговорите се според официјалниот клуч.
33. Избери една тема и: (13 поени)
Напиши текст од 260 до 460 збора; прочитај ја темата и добро размисли што треба да содржи текстот; почитувај ги правилата за композиција на текст (воведен дел, главен дел и заклучок); почитувај ги правилата на стандардниот јазик.
Мислите искажи ги јасно и поврзано со употреба на факти и аргументи; употребувај соодветна лексика и стил во согласност со видот на текстот кој го пишуваш; не пишувај општи фрази; не користи буквално и без критичка дистанца готови текстови од различни извори (учебници, стручни книги, веб-страници итн.); внимавај на графичкото средување на текстот – треба да има три јасно изделени целини (вовед, главен дел, завршен дел) и по можност – пасуси во главниот дел. Пишувај со кирилица, користејќи ракописни букви, во спротивно се
одземаат 5 поени од освоените поени на есејот!
Тема 1: Улогата на стручното образование во формирањето на критичко размислување и граѓанска одговорност
Размисли што би пишувал/-а на темата, појасни дали и на кој начин стручното образование има улога во формирањето на критичко размислување и граѓанска одговорност.
Заземи критички став, може да се согласиш или да го негираш зададениот наслов, и своето мислење изрази го преку јасни, логички поврзани и последователни аргументи.
Објасни како стручното образование преку практична настава, работа на конкретни задачи и реални ситуации ја развива способноста на поединецот да анализира и проценува информации, да носи одлуки и да ги разбира последиците од своите ставови и постапки.
Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери со кои ќе ја објасниш важноста на стручното образование во развивањето критичко размислување кај младите и нивна подготовка за активно и одговорно учество во општеството и на пазарот на трудот.
Искажи го твојот став за улогата и влијанието на стручното образование кај младите како критички и активни членови во општеството и наведи соодветни примери од училиштето, практичната настава или секојдневниот живот.
Заокружи со сублимирање на својот став за темата и за тоа на кој начин стручното образование придонесува за формирање на критичкото размислување и развој на граѓанската одговорност кај младите.
Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.
Тема 2: Зошто е важно да им се помага на другите во секојдневниот живот
Размисли што би пишувал/-а на темата, појасни зошто е значајно да им се помага на другите и каков бенифит имаат тие што помагаат и тие на кои им е понудена помош.
Заземи критички став, може да се согласиш или да го негираш зададениот наслов, и користи јасни и последователни мисли за да го искажеш ставот за зададената тема.
Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери за твојот став за темата со кои ќе појасниш зошто е важно да им се помага на другите луѓе во животот.
Искажи го твојот став за тоа како се чувствува младиот човек кога некому ќе помогне (создавање атмосфера на доверба и етички вредности – емпатија и сочувствување, борба против нееднаквост, чувство на лична исполнетост и среќа) и наведи соодветни примери со кои ќе го поткрепиш своето мислење.
Заокружи со сублимирање на својот став за темата и сумирај зошто е важно да им се помага на другите во секојдневниот живот од социјален, етички и психолошки аспект.
Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.
Зборови: 0 · Потребно: 260–460 зборови