Подготви се за матурата по математика со самодоверба
Сите испитни тестови од 2013 до 2026, со проверка веднаш по решавањето, и над 220 задачи по теми со решенија чекор по чекор. Без најава и без трошок.
Брз пристап
Најчесто отворани делови на сајтот.
Тестови 2026
Решете го тестот онлајн и резултатот го добивате веднаш. Оригиналниот тест и официјалниот клуч се во PDF.
Државна матура 2026
Задолжителен предмет
Македонски јазик и литература
Албански јазик и литература
Турски јазик и литература
Српски јазик и литература
АвгустНема испит во оваа сесија
Изборен предмет
Математика
Англиски јазик
Државна стручна матура 2026
Задолжителен предмет
Македонски јазик и литература
Албански јазик и литература
Турски јазик и литература
АвгустНема испит во оваа сесија
Изборен предмет
Математика
Англиски јазик
Тестовите и клучевите се од Државниот испитен центар. Клучот за англиски јазик од јуни (стручна матура) не е објавен правилно (објавен е клучот од август), па одговорите на онлајн тестот ги подготви matura.mk.
Математика по години
Тестови од државната матура по математика, од 2013 до денес.
- 2026јуни новоавгуст ново
- 2025јуниавгуст
- 2024јуниавгуст
- 2023јуниавгуст
- 2022јуниавгуст
- 2018јуни (Quizizz) (се отвора во нов прозорец)август (Quizizz) (се отвора во нов прозорец)
- 2014јуни—
- 2013—август
Државна или стручна матура? Математиката има посебен испит за гимназиите и за четиригодишните стручни училишта, со различни програми. Овие тестови се од државната матура. Погледнете ги разликите.
Вежбај по теми
Задачи од испитната програма, со совет, следен чекор и целосно решение.
- АлгебраИзрази, равенки, неравенки85 задачи со решенија
- ФункцииЛинеарна, квадратна, експоненцијалнаИнтерактивни графици
- ГеометријаПланиметрија и стереометрија64 задачи со решенија
- ТригонометријаФункции, идентитети, триаголник7 задачи со решенија
- Веројатност и комбинаторикаПермутации, варијации, настани5 задачи со решенија
- ПрогресииАритметичка и геометриска24 задачи со решенија
Мој напредок
Се чува само во овој прелистувач. Не се праќа никаде и не бара најава.
Ова се примерни податоци. Решете тест или задача и тука ќе се појави вашиот напредок.
Преглед
Последни 14 дена
Значки
Испитни програми и совети
Подгответе се строго според темите од испитната програма.
- PDFПрограма – државна матураPDF, 1,8 MB, 16 страници
- PDFПрограма – стручна матураPDF, 324 KB, 16 страници
- Официјални информацииmatura.gov.mk – документи и правилници (се отвора во нов прозорец)
Подрачја од програмите
Државна матура: математичка логика и множества, реални и комплексни броеви, алгебра, геометрија, тригонометрија.
Државна стручна матура, модуларни единици:
- МЕ1Реални броеви
- МЕ2Алгебарски рационални изрази
- МЕ3Пропорционалност на величини
- МЕ4Линеарни равенки, неравенки и системи од линеарни неравенки со една непозната
- МЕ5Линеарна функција и систем линеарни равенки со две непознати
- МЕ6Плоштина и периметар на рамнински фигури
- МЕ7Тригонометриски функции во правоаголен триаголник
- МЕ8Комплексни броеви
- МЕ9Квадратна равенка
- МЕ10Квадратна функција и квадратна неравенка
- МЕ11Плоштина и волумен на геометриски тела
Совети за испитот
Тестот содржи задачи со повеќечлен избор, задачи со дополнување и задачи со целосна постапка.
Во задачите со целосна постапка не прескокнувајте чекори и пишувајте го решението детално. Во задачите со дополнување се бара само точниот одговор, но и нив решавајте ги во тетратката.
Пишувајте само со сино или црно пенкало. Одговорите означени со молив носат нула (0) поени.
Прашања може да поставите на YouTube (се отвора во нов прозорец) и на Facebook (се отвора во нов прозорец), каде има и решенија на задачи од претходните години.
Започнете веднаш со подготовката. Успех!